Повелба за пристапување кон градови со енергетска ефикасност

Повелба за пристапување кон градови со енергетска ефикасност


Денеска Градоначалникот Зоран Дамјановски потпиша повелба за пристапување кон градови со енергетска ефикасност. Повелбата ќе биде испратена во Брисел. Конференцијата ќе се одржи во понеделник,а  учество ќе има и  општинската  делегација каде ќе се потпише меморандум за соработка на еколошки проекти.

–  Ова е едно глобално дижење, а европската заедница направи една асоцијација. Ние како најголема локална самоуправа во Македонија се приклучуваме и имаме свои определени одговорности и задачи. Со сите наши проекти да успееме да ја намалиме продукцијата на јаглерод диоксид на помалку од 20 проценти, да направиме мониторинг на најголемите загадувачи и аналогно на тоа да дадеме препораки за отстранување на истите – изјави Дамјановски.