Сектор за правни работи , имотни правни и општи работи


Раководител: Виктор Божиновски

e-mail: [email protected]

Секторотзаправниработи, имотно правни и општи работи ја обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на Одделението за правниработи, имотно правни и општи работи, кои се во негов состав.


Одделенија:

– Одделение за правни работи и имотно правни работи

Одделението за правни работи и имотно правни работи ги врши работите што се однесуваат на: застапување на општината пред судовите и државните органи во Република Македонија, се грижи за општинскиот недвижен имот, негово администрирање со инвестиционо и тековно одржување, спроведување на постапка за концесии и јавно приватно партнерство, промовирање на интересите на општината за концесии и јавно приватно партнерство, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за општи работи

Одделението за општи работи ги врши работите што се однесуваат на: следење и применување на законите, прописите и општите акти за канцелариското и архивското работење, прашања од непосредно и секојдневно значење за животот и работата на жителите на месните заедници , подготовки за цивилна и противпожарна заштита, работи за возниот парк, достава на акти и  други помошно-технички работи, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.