Прес на Градоначалникот за меѓуетничките тепачки

Прес на Градоначалникот за меѓуетничките тепачки


Една од темелните вредности на функционалната демократија во мултиетничките средини, каква што е Куманово е меѓусебната доверба, взаемно почитување, солидарноста и визијата за негување на европските вредности, владеењето на правото како гаранти на заедништво, напредокот и соживотот кој наема алтернатива на овие простори.Оттука апелирам до сите општествени чинители, како што е Секторот за внатрешни работи будно да ја следи состојбата. А, политичките репрезенти да се воздржат од меѓусебни препокувања од говор на омраза и меѓу своето членство, особено меѓу младите да делуваат конструктивно и смирувачки.Во оваа прилика исто така апелирам до директорите и наставниците во училиштата целосно да се посветат на воспитниот процес како и до родителите кои сепак се најодговорни за постапките на своите деца. Сакам да истакнам дека Куманово како мултиетничка средина до сега беше пример за соживот и мир меѓу граѓаните и успешно ги одбегниваше замките на мрачните сили кои не и мислат добро миту на државата ниту на нејзините граѓани. Еве само еден добар пример дека можеме и мораме да живееме заедно. Прекрасна беше глетката на манифестацијата „Изборот на спортист на Куманово„ за минатата година. Сите спортисти без оглед на национална припадност Македонци, Албанци, Срби,