Претседател на Совет


maksim

Максим Димитриевски


Максим Димитриевски  е роден 29.11.1975 година, основно образование завршил во ОУ ,, Т.Зордумис”, средно образование во гимназија ,,Гоце Делчев ” и Правен Факултет во Скопје.  Приватен стопанственик од 1998 година. Оженет, татко на три деца. Член е на Советот на Општина Куманово од редовите на СДСМ. Избран за Претседател на Совет на Општина Куманово во октомври 2012 година.

Обврски на Претседател на Совет:

–          Ги свикува и раководи со седниците на Советот,

–          Се грижи за организацијата и работата на Советот

–          Ги потпишува прописите што ги донел Советот и во рок од три дена од денот на нивното донесување ги доставува на Градоначалникот заради објавување.