Презентација на проект за воведување на средношколците на пазарот на трудот


Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, претставници на Агенциите за привремени вработувања: Партнер, Мотиви и Вработување Лизинг, како и претставници од Агенцијата за вработување на Република Македонија, во соработка со Општина Куманово денес организира презентација на Проектот за воведување на средношколците на пазарот на трудот “Одбиј работа на црно”.

Целта на проектот е едукација на младите и запознавање со правата и обврските од работен однос, како и условите и начинот на засновање на истиот преку почитување на законската регулатива.

Овој вид на презентации се организираат во сите општини во Република Македонија, според програмата на Проектот.