Привршува гласањето за ТОП КОМПАНИЈА во Куманово

Привршува гласањето за ТОП КОМПАНИЈА во Куманово


Ве известуваме дека до крајот на гласањето за ТОП КОМПАНИЈА во Куманово за 2012 година останаа уште неколку часа. Гласањето ќе заврши точно во 16.30 часот и веќе во наредната минута ќе можете да ги видите конечните резултати за рангирањето на компаниите на следниот линк:

http://kumanovo.gov.mk/alb/anketa/101-kompanija.

Оваа анкета се спроведува за прв пат од страна на Општина Куманово во организација и кординација на Одделение за ЛЕР (локален економски развој ) и одделение за ИТ (информатичка технологија). Гласањето траеше еден месец и се надеваме дека ова ќе прерасне во традиција со што ќе се подобри бизнис климата во нашата општина.

ГЛАСАЈТЕ !!!