Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Записник од одржан состанок на Штаб за заштита и спасување на ден 25.03.2019 год.

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

По пријава на 22.03.2019 година за појава на отвор во земјиште во дворно место во приватна сопственост на Ќумрије Азировиќ, претставници од општинскиот штаб за заштита и спасување и претставник од РЦУК –Куманово , извршија увид на лице место. Заради настанатата ситуација се закажа и одржа вонреден состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување и ги донесе следните заклучоци и препораки:
1. Локалната самоуправа не е надлежна, бидејќи се работи за подземен објект кој е во надлежност на Република Северна Македонија.
2. Се препорачува сопственикот на куќата да превземе мерки на претпазивост и обезбедување на просторот околу отворот кој се наоѓа на земјиште во негова сопственост, за да не дојде до несакани последици.
3. Општина Куманово се обврзува да ги информира надлежните институции на централно ниво за надминување на ново настанатата ситуација.
По основ на втората точка од дневниот ред, во врска со препораките и заклучоците од 11-та Седница на Управувачки комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, која се однесува за моменталната состојба со пожарите на територијата на Република Северна Македонија, беше заклучено дека е постапено по сите точки.

Началник на ОШЗС
Ивица Димовски
______________

 

Chat Conversation End
Type a message…
Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст