Проект за изработка на туристичко-информативни карти за Бислимска клисура


 

1Проектот за изработка на туристичко – информативни карти и нивно поставување на десет локации низ Бислимската Клисура која се наоѓа во атараот на с.Пчиња и с.Доброшане, е во завршна фаза и наскоро се очекува негово официјално промовирање од страна на локалната самоуправа и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Проектот кој се имплементира повеќе од девет месеци содржи креирање и печатење на десет туристичко – информативни карти кои се поставуваат на десет локации. Две големи табли се поставуваат во с.Пчиња и с. Доброшане на самиот влез на локалитетот Бислим, а преостанатите осум се поставуваат на локалитетите Стара Воденица , Карпе, Китке , Градиште , Студен Пештер , Лишков Пештер , Жута Карпа и Костовска Чешма. Овие промотивни карти  се изработени со цел запазување на автентичниот и амбиеталниот простор на  Бислимската Клисура.

2

Овој проект е со цел  Бислимска Клисура да прерасне во вистински потенцијал за равој на алтернативен туризам во Североисточниот плански регион.

4

 

3