Промоција на „Лидер„ програмата


Денеска во локалитетот Кокино беше одбележан почетокот на програмата ЛИДЕР-пристап за локален економски развој во Североисточна Македонија. Настанот го отвори Градоначалникот Зоран Дамјановски, а присуствуваа и претставници на Североисточен Плански Регион, претставници од УСАИД, претставници на локалната самоуправа, фармери и земјоделци. Според Младен Протиќ, претсавник на Североисточен плански регион идејата на ваков проект е формирање на микро региони и акциони групи на Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Кратово и Крива Паланка и нивна обука и припрема на мини проекти, односно учесниците во овие микро проекти сами ќе дадат идеја за тоа што би сакале да имплементираат во овие региони.