Промоција на проект: „Различноста е во мода-промоција на мултикултурализмот на локално ниво“


Во Организација на Асоцијација на демократски иницијативи(АДИ) Гостивар,Мултиетничката Асоцијација Флорес Најтингел и Стопанска комора на Северозападна Македонија „ во Тетово се одржа промоција на проектот „Различноста е во мода-промоција на мултикултурализмот на локално ниво„.Целтта на проектот, во кој учестуваа и општина Куманово е  подобрување на меѓуетничките односи и зголемување  на мултикултурната демократија на локално ниво.Секретарот на Оштина Куманово Валентина Алексовска  во име на општина го прими сертификатот за учество во овој проект. Покрај Куманово, учествуваат  и општините Брвеница,Врапчиште,Гостивар,Јагуновце,Кичево,Маврово-Ростуше,Струга и Тетово. Проектот вклучува анализа на напредокот во спроведувањето на локалните стратегии и посебните политики поврзани со интеграцијата на етничките заедници и меѓуетничките односи. Истиот ќе треба да се реализира до 2018 година.  152 212 250 270 275 286 319 375