Прв натпревар на атлетичарите на полигон  во техничко училиште„Наце Буѓони„

Прв натпревар на атлетичарите на полигон во техничко училиште„Наце Буѓони„


Со натпревар во повеќе атлетски дисциплини, започна сезоната на натпреварувањата на атлетската патека во средното техничко училиште„Наце Буѓони„. На првиот натпреват учествуваа учениците од основните и средните училишта од градот, како и атлетскиот клуб „Скок„ .Најдобрите добија награди и признанија..Од атлетскиот клуб велат дека на оваа патека има одлични услови за тренирање. Сето тоа ќе придонесе големи успеси во иднина , како во земјата така и надвор од неа. На новиот полигон пред голем број на ученици беше промовирана и новата опрема за одредени спортови. Проектот е дел од развојната програма на општина Куманово за 2011 година.