Првите донации од Општина Куманово заминаа за збратимените градови


Општина Куманово во согласност на одлуката донесена на Советот на Општината, денеска испрати помош на збратимените градови Бања Лука, Јагодина ,Бјењина и Горњи Милановац, кои беа зафатени од поплавите. Помош во четри шлепери се сосотои од вода, сок, сретства за хигиена и кебиња, кои во соработка со Црвениот Крст на Куманово ќе бидат донира на загрозените жители од овие градови. Градоначалникот заедно со претставниците на локланата самоуправа ќе ги посети овие места. Од локалната самоуправа ќе бидат одделени 1,4 милион денари, како помош за поплавените граѓани од Србија и БИХ.