Прво па машко


Златник од општина Куманово доби првиот жител во 2015 година во Општина Куманово. Градоначалникот Зоран Дамјановски заедно со секретарот на Општината Валентина Алексовска ја посетија мајката на првото новороденче за 2015 година. Во пет часот наутро, во кумановската Општа Болница се роди здраво и право машко бебе, втора рожба на семејството Адеми од липковоското село Отља.