Пуштање во употреба на еко - каналот во градинката “Бубамара“

Пуштање во употреба на еко – каналот во градинката “Бубамара“


Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска пресече лента и го пушти во употреба еко – каналот во градинката “Бубамара“ која се наоѓа кај комплексот “Чик“.Каналот порано се користел за атмосферска канализација, но по отварање на индустриските капацитети од него почнала да се шири неподнослива миризба. За да ги заштитат децата од заразни болести, вработените со помош на локалната самоуправа и проект изработен од ученици во Економското училиште “Перо Наков“ инвестирале во покривање на каналот, односно во изградба на еко – канал. Од левата страна се наоѓа овој денеска покриен канал, каде пред неколку години течеше чиста вода. Меѓутоа новите индустриски објекти во овој комплекс му ја сменија намената. Започна да тече вода со менлива боја, непријатна миризба, а на крај дури и миризба од фекалии. Тоа ги загрижи родителите и затоа одборот презема иницијатива за решавање на овој проблем – рече Марина Алексовска, директор на градинка “Ангел Шајче“.Лекарите ги советувале надлежните каналот да биде покриен. Градоначалникот Дамјановски вели дека ова е мал проект, но решен е проблемот кој можеше да доведе до затварање на градинката. Оваа инвестиција не е голема, но не беше планирана во буџетот на Општината за оваа година. Постоеше опасност санитарната инспекција да го затвори објектот. Дојде до соработка во Секторот за јавни установи и социјала и образованието, направија проект и го завршија. Овој начин на соработка помеѓу граѓанските здруженија, невладините организации, директно ги покажуваат придобивките од децентрализацијата и начинот на учеството на граѓаните во градење на подобра иднина – изјави Дамјановски. Средношколците од “Перо Наков“ веќе две години работат на еко проекти. Беше распишан конкурс од невладините организации на национално и меѓународно ниво за отпадни води. Бидејќи јас сум член на одборот на родители, го знам проблемот, решивме да го работиме каналот каде отпадна вода е извор на зараза. Тоа потекна од соработката со градинката. Нашите ученици вршеа едукација на децата низ игра и го виделе каналот од кој се шири реа – рече Фросина Николовска, координатор на еко проектот.

За овој проект учениците на национално ниво добија прва, а на меѓународно ниво втора награда.