Ракометен натпревар помежу РК Куманово и РК Добруџа

Ракометен натпревар помежу РК Куманово и РК Добруџа


На осми и девети септември во спортската сала ќе се одигра првата утакмица од првото коло од IHF купот на ракометот .После дваесет години Куманово како град, како општина има свој тим кој што го претставува градот во некои европски купови на натпреварување. Нашиот противник, ракометниот клуп на Добруџа е актуелен шампион на соседна Бугарија. Клуб кој што има искуство, една физиономија која што е градена подолг период, луѓе што знаат да играат ракомет. Значи крајно респектибилен противник на кој што треба да му се спротивставиме максимално одговорно, паметно и храбро. Како клуб се надеваме дека со излез на оваа ниво на играње на IHF клуб, ќе успееме да ја вратиме публиката во спортската сала и ракометот да стане најактуелен и најпопуларен спорт во градот. Ги повикаме сите наши сограѓани, сите љубители на ракометот и на спортот во градот Куманово да дојдат , да го подржат ракометниот клуб „Куманово„ бидејќи тој е им е прет се најпотребно на играчите, а нормално и на нас како управа, која прави напори за да направи чекор повеќе. На последната седница на управата донесовме одлука да имаме популарни цени за овој натпревар.Воедно знаеме дека 8- ми Септември е голем празник за република Македонија, и по тој повод решивме поединечна карта да биде 70 ден за еден ден, а 100 денари за два дена – истакна Мартин Костовски – претседател на