Регионален промотивен настан во рамките на Проектот на УСАИД

Регионален промотивен настан во рамките на Проектот на УСАИД


A9R59E4 A9R59E6

 

Во четврток, 19 септември 2013, од 11 часот во ресторан Грација во Куманово, ќе се одржи вториот Регионален промотивен настан во рамките на Проектот на УСАИД за практиканска работа и вработување на лицата со попреченост.

Целта на настанот е да се претстават активностите и резултатите на проектот и да се поттикне интересот на компаниите и другите засегнати страни да се вклучат во проектните активности, како и да се охрабри вработувањето на лицата со попреченост.

Џејмс Стејн, Директор на Мисијата на УСАИД во Македонија и градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски ќе присуствуваат на настанот и ќе одржат говор. Исто така, ќе бидат поканети сите градоначалници на општините од Северо-источниот регион, како и претставници од компании, невладини организации и јавни институции. На настанот ќе бидат претставени и некои од успешните приказни на лица со попреченост кои се вработени со помош на проектот.

Проектот на УСАИД за практиканска работа и вработување на лицата со попреченост има за цел да ја подигне социјалната инклузија и учество на лицата со попреченост во целните региони. Проектот ова го остварува со подобрување на нивните вештини за вработување, преку организација на пракси и обуки, како и учество во кампањи за подигнување на јавната свест, со што ги прави овие прашања повидливи за приватниот сектор и локалните заедници. Проектот започна во Август 2012 година, и трае две години. Истиот е имплементиран од Моја Кариера – Скопје, во партнерство со Порака Наша – Куманово и Хендимак – Тетово.