Реконструкција на Спортската Сала во ОУ "Вук Караџиќ" и "Наим Фрашери"

Реконструкција на Спортската Сала во ОУ "Вук Караџиќ" и "Наим Фрашери"


Во тек е темелна реконструкција на спортската сала во основното училиште “Вук Караџиќ” и “Наим Фрашери” чија вредност изнесува 5 600 000 денари. Планирана е целосна промена на кровот на спортската сала и помошните објекти, како и нова надворешна фасада. Внатрешноста на салата ќе биде целосно реновирана со изработка на нов под и буков пархет, смена на внатрешната фасада и боја, смена на прозорците и вратите. Исто така ќе се реновира и внатрешноста на помошните простории (канцеларии, соблекувални и тоалети) со целосно нов инвентар, санитарија и нови прозорци и врати во овие простории, како и целосна термална изолација на објектот. Се смета дека со оваа инвестиција значително ќе се подобрат условите за спортување и акомодација во практично новата спортска сала за учениците. Се разбира, ова е само еден дел од процесот на изградба и реновирање на спортски објекти во Општина Куманово од страна на локалната самоуправа и градоначалникот Зоран Дамјановски.