Реконструкција на канализациона мрежа во Општина Куманово


Градоначалникот на Општина Куманово, днеска го најави проектот со кој ќе се реконструира дваесет и седум километри канализациона мрежа во Општина Куманово. Сретствата за овој проект се во висина од 5,5 милиони евра, обезбедени од европските ИПА фондови и мал дел од државниот буџет. Според министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, тендерот за проектот ќе биде распишан во јуни, а со работа ќе се отпочне во почетокот на декември.