Реконструкција на канализациона мрежа


Со пари преку ИПАРД програмата, Општина Куманово ќе реконструира околу 20 проценти од активната канализација во градот. Над 50 градски и приградски улици ќе добијат нова канализациона мрежа, како и реконструкција на патната инфраструкта, на која што ќе работат градежни екипи. Овој проект чини шест милиони евра, а со него ќе бидат санирани околу 25 километри оштетени системи на канализациона мрежа.  Градоначалникот Зоран Дамјановски се надева дека реконструкцијата ќе започне во ноември годинава.