Реконструкција на патниот правец кон с.Пчиња

Реконструкција на патниот правец кон с.Пчиња


Градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски на 02.12.2010 година го најави отпочнувањето на рекострукција на локалниот пат за селото Пчиња. Патниот правец е со вкупна должина од 9,5 километри . реализацијата на овој проект е со средства обезбедени од Светската Банка преку Фондот за изградба на локални и регионални патишта. Вкупната сума што е предвидена за овој проект е 36 милиони денари. Патниот правец е на приоритетната листа на локалната самоуправа и ќе се изврши негова коплетна реконструкција и проширување. Ќе биде поставен тампон со висина од 25 см и асфалт од 7 см. Ширината на патниот правец ќе биде 7 метри со одводнување. Во изработката и во изведбата на проектот се запазени и ќе се запазат сите критериуми и стандарди кои се наложени од страна на Светската Банка.