Реконструкција на улично осветлување во градот


Од оваа недела, започна интензивна реконструкција на улично осветлување во градското подрачје. Веќе се работи на улиците „ОктомврискаРеволуција”, “НиколаТесла”  и “Трета МУБ”, а во наредните денови, улично осветлување ќе биде сменето и на улиците: „Гоце Делчев„ „БајрамШабани„,  „11 Октомври„, и улицата „11 Ноември„.  Потоа следува населбата  Иго Тричковиќ и Долно Којнаре и село Тромеѓа. Тендерот го има  добиено кумановската фирма “ЕлектроЛајт”, во вредност од 14  милиони денари. Овие сретства се обезбедени од буџетот на општината, а се утврдени преку програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура за 2014 година.