Реновиран домот за стари лица „Зафир Сајто„


Денеска во домот за стари лица „Зафир Сајто„, беа пуштени во употреба реновираните единаесет соби и исто толку тоалети. Сретствата се обезбедени од буџетот на самиот дом, се со една цел да се овозможи подостоинствен живот на корисниците на домот, поголема хигиена и поквалитетни здравствени услуги. На отварњето на просториите пресуствуваше Градоначалникот Зоран Дамјановски и претставниците на локалната самоуправа.