Револуција во дострелите на стандардите за живеење што се сметаат нормални за сите

Револуција во дострелите на стандардите за живеење што се сметаат нормални за сите


ИНФОРМАЦИЈА  ЗА  ЦЕЛТА  НА  ПРОЕКТОТ

,,Општинско корисна работа-Инклузија преку спорт и рекреација,,

 

 

Врз основа на Договор за соработка помеѓу Програмата за развој на Обединетите Нации(УНДП)  и Општина Куманово, Општина Куманово ангажира  5(пет) невработени лица со  афинитет кон работата со децата со попреченост, од кои 4(четири) професори по физичко и здравствено образование и еден физиотерапевт, заради реализација на работи/услуги предвидени  како активности  во  рамките на Проектот ,, Општинско корисна работа-Инклузија преку спорт и рекреација,, . Работното ангажирање на лицата започна од 01.11.2013 година и ќе трае 6(шест) месеци – до завршување на Проектот.

 

  • Овој проект е насочен кон две целни групи:

 

1.Невработени професори по физичко воспитување и физиотерапевти, кои  со овој проект практично добиваат работен ангажман до 6 месеци без да им се смени статусот на невработено лице, со месечен надоместок од 6.000 денари за 20 работни часа неделно, со вклучен персонален данок и осигурување од повреда при работа како и можност за стекнување со нови работни вештини и работно искуство.

 

2.Крајни корисници за кои се наменети  услугите, се корисниците на Дневниот Центар за лица со интелектуална попреченост- до 18 годишна возраст кој што е во надлежност на МТСП (15), корисниците на Дневниот Центар на РЦПЛИП ,,Порака Наша,, Куманово , за лица со интелектуална попреченост – со над 18 годишна возраст(21), учениците од посебните  паралелки на ОУ,,Браќа Миладинивци,, Куманово(31)  како и учениците со попреченост, вклучени во инклузивно образование во другите  училишта од Општината(12).

          

  • Целта на овој проект е :

 

Создавање услови за социјално вклучување на лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот; зашто овој проект на лицата од првата целна група ќе им биде основа за стекнување на персонални вештини и можности за иницирање на долгорочни вработувања преку практични позитивни пракси,бидејќи не постои правен субјект во Куманово кој дава ваков вид на услуги, шестмесечното ангажирање на 5 стручни лица ќе создаде маса на потенцијални професионалци кои ќе имаат можност оваа активност да ја продолжат во друга форма која ќе понуди континуирана услуга за лицата со попреченост од Куманово, односно ќе имаат можност за отпочнување на сопствен бизнис кој би бил од витално значење и за заедницата.  

 

Збогатување на содржината на секојдневната (не)активност на лицата со попреченост, затоа што односот кон нивните специфични потреби ќе добие квалитет, заснован врз стандарди на живеење и добросостојба што се сметаат нормални за сите. Имено,на овие лица со реализацијата на проектните активности, освен зголеменото чувство на припадност, им се дава  можност на еден многу убав начин преку спорт и рекреација,  да се активираат и ги развијат своите  физички и интелектуални можности и способности , ја развијат самодовербата, храброста,  стекнат вештини, усогласување на движењата на екстремитетите и телото, координација и рамнотежа, како и чувство за забава и дружење. 

 

Во текот на изминатиот период од отпочнување со реализација на проектот,,Општинско корисна работа-Инклузија преку спорт и рекреација,, во соработка со стручните тимови од Дневните центри и училиштата, тимот на професори по физичко и здравствено образование кои во проектот се ангажирани како даватели на услугата – тренер  за спорт и рекреација,  во врска со крајните корисници на услугите од проектот, ги извршија  следниве  дејствија  :

  • Изготвување на посебни досијеа за секој корисник-врз основа на постоечките податоците добиени од страна на стручните тимови,
  • Идентификација на капацитетите, можностите и постоечките вештини на корисниците на услугите,
  • Селекција на корисниците според степенот на нивната способност за активно учество во спортско – рекреативните активности,
  • Поделба на трудот во тимот,
  • План за работа и
  • Дневен распоред  на активностите на неделно и месечно ниво

 

– Планот за работа е направен со цел да овозможи одржување на оптималната здравствена состојба на одделни или на сите органски системи кај децата со попреченост за време на изведување на активностите ;со акцент на одредување на дозирањето на интезитетот на оптоварувањето кај децата со попреченост(групно-индивидуално). Поради тоа,активностите/тренинзите  се поделени на индивидуални и групни.

 

а) Индивидуални активности/тренинзи  се состојат во:

 

ü  Вежби за развивање на базична моторика на движење и спортување,

ü  Вежби за правилен физички развој – оформување на телото,

ü  Вежби за координација, издржливост, брзина и  јакнење на сила на организмот,

ü  Вежби за одржување и развивање на општата и специфичната психомоторика(движење во простор со и без топка). 

 

 

б) Групните активности/тренинзи  се состојат во:

 

ü  Анимација преку разни елементарни  игри,

ü  Вежби за соработка и учество во тимска активност, за фер плеј способности за време на часовите и натпреварите,

ü  Вежби за развој на вештини за позитивно емоционално изразување за време на часовите и натпреварите,

ü  Гимнастика, кошарка, фудбал, ракомет, одбојка со претходно спроведени  вежби за загревање на организмот.