Рома Труба фест 2014


Во четврток (04.09.2014) со почеток во 19 часот на Градскиот плоштад  ќе се одржи фестивалот „Рома Труба фест„. На овие деветти по ред дувачки средби ќе настапат македонските ѕвезди КИНГ Ферус Мустафов и Татијана Стефановска, Оркестар „Агушеви Џамбо„ од Струмица , Оркестар „Млади Агушеви„ од Струмица, Оркестар „Уска Кан Кантуров„ од Берово и Оркестар „Сергин Дурмишев „ од Штип како и гости од соседна Србија: „Оркестар Бојан Ристиќ „ – Владички Хан , Оркестар „Милан Доња Николиќ„ – Грделица, и Оркестар Синиша Станковиќ„ – Загужање. Настанот е под покривителство на Градоначаликот Зоран Дамјановски и Советот на Општина Куманово.