Секретар на Општина Куманово


valentinaДесанка Стошевска

Телефон: (031) 475 831

Е-mail: [email protected]


Биографија


Работни должности:

– ја организира работата на администрацијата на Општината Куманово и дава упатства за работата на државните службеници,

– ја координира меѓусекторската соработка – ја обединува и унапредува работата во хоризонтална и вертикална  насока и иницира постапка за усовршување и креирање на политики за создавање на професионализам во работата на државните службеници,

– одржува колегиум со раководителите на секторите во општинската администрација,

– ја следи, организира, координира, обединува и дава упатства во извршувањето на работите и задачите во општинската администрација и се грижи за нивното законско , ефикасно , навремено и квалитетно извршување,

– се грижи за ефикасно и ефективното работење на државните службеници и работниците без статус на државни службеници,

– ја следи законитоста на прописите на Советот и се грижи за нивното објавување во ,,Службен гласник на Општина Куманово’’,

– координира со подготвување на материјали и предлози за стратешки документи на Општината, и изработува извештаи за раководењето во општината,

– учествува во работата на работните тела на општината,

– ги следи и се грижи за спроведување на одлуките , заклучоците , насоките и упатствата на градоначалникот

– донесува Годишна програма за стручно оспособување и усовршување на државните службеници,

-соработува со, секретарите на органите на централната и локалната власт, со домашни и меѓународни – организации и претставници на граѓанскиот сектор,

– донесува Годишен план за соодветна и правилна застапеност на зедниците,

– го одобрува Нацрт – Правилникот за систематизација на работните места,

– формира Комисија за спроведување на постапката за вработување на државните службеници,

– го советува и му помага на Градоначалникот во извршување на комплексни прашања за активности    и постапки што претставуваат новина и што не спаѓаат во редот на стандардните постапки,

– формира Комисија за водење на дисциплинската постапка за дисциплински престап,

– формира Комисија за утврдување на материјална одговорност на државните службеници,

– го следи извршувањето на одлуките на Советот како и извшувањето на работите коишто со закон  и се делегирани на општината

– изрекува дисциплински мерки против државните службеници за дисциплинска неуредност,

– врши оценување на  раководни државни службеници,

– донесува Решение за надомест на штета,

– донесува Решение за формирање на Комисија за преиспитување на оцената на државните службеници,

– одговара за својата работа во рамките на своите овластувања и врши и други работи што ќе му бидат – доверени од градоначалникот на општината.