Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита


Раководител: Жика Крстевски

e-mail:[email protected]

Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита ја обединува , координира, контролира, и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на Одделението за култура и спорт и Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, кои се во негов состав:


Одделенија:

– Одделeние за култура и спорт

Одделиение за култура и спрт ги врши работите што се однесуваат на: основање, функционирање и администрирање на општинските јавни установи од областа на културата и спортот и во соработка со другите сектори – одделенија на општинската администрација и централната власт, институционална и функционална поддршка на културните и спортските установи и проекти , културните и спортските манифестации, рекреацијата и масовниот спорт, поддршка на спортските сојузи, функционална и програмска подршка во изградбата, одржувањетои намената на спортските објекти, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита

Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здраствена заштита ги врши работите што се однесуваат на: остварување на социјалната заштита и заштитата на децата и основање, функционирање и администрирање на установите од овие области-домови за стари лица, детските градинки и друг вид на установи, согласно закон, а кои се во општинската надлежност , во соработка со другите сектори и одделенија на општинската администрација и централната власт , вонинституционалните форми на социјалната и детската заштита во општинска надлежност , врши администрирање со управувањето на мрежата на јавните здравствени установи и објекти од примарната здравствена заштита и други надлежности на општината во здравствената област , врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.