Сектор за образование


Раководител: Миле Стојменовиќ

e-mail:[email protected]

Секторот за образование ја обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на Одделението за предучилишно и основно образование и Одделението за средно образование и ученички стандард, кои се во негов состав:


Одделенија:

– Одделение за предучилишно и основно образование

Одделението за предучилишно и основно образование ги врши работите што се однесуваат на: основање, функционирање и администрирање на основните училишта во општината и во соработка со другите сектори – одделенија за општинска администрација и централна власт, организирање на превоз на учениците, реонизацијата и мрежата на основното образование и други локални надлежности во основното образование, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за средно образование и ученички стандард

 Одделението за средно образование и ученички стандард ги врши работите што се однесуваат на: основање, функционирање и администрирање на средното обаразование и општинските јавни установиод областа на ученичкиот стандард во соработка со други сектори – одделенија на општинската администрацијаи централната власт, организирање на превоз на учениците, ученичкиот стандард  и  сместување  во ученичките домови, функционирањето и развојот на средното образование во оштината и мрежата на средно образование и други локални надлежности во средното средно стручното образование и ученички стандард, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.