Сектор за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и природата


Раководител: Лидија Ланг Спасовска

e-mail:[email protected]

Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и природата ја обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на одделението за урбанизам , Одделението за комунални дејности и на Одделението за  заштита на животната средина и природата, кои се во негов состав:


Одделенија:

– Одделение за урбанизам

Одделението за урбанизам ги врши работите што се однесуваат на: просторно и урбанистичко планирање на Општината, следење на состојбите во урбанизација на просторот на Општината, покренување иницијативи и предлози за донесување или изменување на генерален урбанистички план , детални урбанистички планови и планови за вон населени места , ги прибира и стручно ги обработува барањата и иницијативите од физички и правни лица за измена на генералниот урбанистички план , деталните урбанистички планови и плановите за вон населени места , ја подготвува документацијата и информационата основа за покренување постапка за изработка, донесување или изменување на детални урбанистички планови на општината, изготвува годишна програма за изработка на урбанистички планови и друга урбанистичка документација, покренува и учествува во постапка за експропријација , проучување и применување на законите, прописите и другите општи акти од областа на урбанизмот и градежништвото, издава услови и одобрение за градба за објекти од III-та , IV-та и V-та категорија  , издава насоки при изработка на архитектонски проекти, издава согласност на архитектонски проекти и проекти за партерно уредување, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за комунални дејности и

Одделението за комунални дејности ги врши работите што се однесуваат на: следење на состојбите и организирање изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици, уредувањето и организирањето на јавниот локален превоз, вршење на работите сврзани со јавното осветлување на подрачјето на општината, следење на состојбите за уредување и одржување на јавното зеленило, дрворедите, фонтаните и другата комунална опрема, поставена на улиците и другите јавни површини,именување и нумерирање на улици,  следење на состојбата во врска со снабдувањето со вода за пиење и одведување на отпадните води и другите комунални услуги од надлежност на општината, изготвува програми и други акти од својата надлежност,  врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за заштита на животната средина и природата

Одделението за заштитанаживотнатасрединаиприродатаги врши работите што се однесуваат на: следење на законските прописи и другите општи акти и меѓународните документи и искуства во областа на заштитата на животната средина и природата, со следење на состојбите и врз основа на мониторинг изготвува стратешки документи,  програми и проекти, како и предлози за  политики по начелни прашања од сферата на заштитата на животната средина и природата , се грижи за нивно имплементирање преку предлагање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина и природата и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, растенијата, предлага мерки за намалување на бучавата и нејонизирачкото зрачењеврши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.