Сектор за внатрешна ревизија


Раководител: Валентина Алексовска

e-mail:[email protected]

Секторот за внатрешна ревизија ја обединува , координира , контролира , ја следи и ја унапредува меѓусебната соработка на одделението за ревизија и регуларност на системите за внатрешна контрола и одделението за финансиска ревизија и ревизија на успешност на работењето , кои се во негов состав .


 

Одделенија:

– Одделение за ревизија на регуларност  на системите за внатрешна контрола

Одделението за ревизија и регуларност на системите за внатрешна контрола ги врши работите кои се однесуваат на : вршење внатрешна ревизија на системите за внатрешна контрола и ревизија на усогласеност (регуларност) , согласно закон и со системот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од Општината согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија прифатени од Министерството за финансиии, подготвува годишен план на Одделението по кој се врши внатрешната ревизија и по одобрување на Градоначалникот на Општината го обезбедува неговото спроведување и следење , доставува извештаи за извршената внатрешна ревизија до Градоначалникот и Советот на Општината , подготвува годишни извештаи за работењето на одделението , врши оценување на значајни фактори на ризик и давање совети на Градоначалникот на Општината за намалување на факторите за ризик , врз основа на анализи од работењето ја утврдува и оценува економичноста , ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација , ја следи и проверува точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи , ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето со законите , подзаконските акти и актите на органите на Општината , обезбедува евидентирање на ревизорски активности и ревизорски докази како и чување на документите од ревизиите најмалку 10 години , врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за финансиска ревизија и ревизија на успешност на работењето

Одделението за финсниска ревизија и ревизија на успешност на работењето , ги врши работите кои се однесуваат на: вршење внатрешна ревизија на успешност во работењето (извршувањето) и финансиска ревизија согласно закон и системот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од Општината согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија прифатени од Министерството за финании , подготвува годишен план на Одделнието по кој се врши внатрешна ревизија и по одобрување од Градоначалникот на Општината го обезбедува неговото спроведување и следење,  доставува извештаи за извршената ревизија до Градоначалникот и Советот на Општината , подготвува годишни извештаи за работата на Одделението , врши оценување на значајни фактори на ризик и давање совети на Градоначалникот на Општината за утврдување на факторите на ризик, врз основа на анализи од работењето ја утврдува и оценува економичноста , ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финснсиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на опшинската администрација , ја следи и проверува точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи,  ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето со законите , под законските акти и актите на органите на Општината, обезбедува евидентирање на ревизорски активности и ревизорски докази како и чување на документите од ревизиите најмалку 10 години, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.