Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Џон Тошак во Куманово

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Џон Тошак во Куманово


Градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски оствари средба со Селекторот на македонската фудбалска репрезентција Џон Тошак. Целта на ваквата посета е унапредување на соработката помеѓу фудбалската федерација на Македонија и Сојузот на спортови Куманово.Според градоначалникот фудбалот во земјава последниве десет години е на најниските гранки од своето постоење. Затоа треба да се поддржуваат активностите на фудбалските школи и тимови. Селекторот Тошак истакна дека кратко време е во Македонија и сеуште се запознава се тимот и државата, меѓутоа е презадоволен од гостопримството тука.Македонија и Италија на стадионот „Башкими„ го одиграа првиот натпревар во фудбал млади кој заврши со нерешен резултат 2:2.