Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ЈАВЕН ОГЛАС – ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Врз основа на член 17 од Правилникот за начинот на изведување на ученичките екскурзии и други слободни активности на учениците од основните училишта, Комисијата за спроведување на постапка за екскурзија при ООУ„Крсте Мисирков“-Куманово, објавува:

 

ЈАВЕН   ОГЛАС –  ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

1.НАБАВУВАЧ

ООУ” Крсте Мисирков”од Куманово ул. „Народна Револуција” бр.43 Куманово -1300  тел.031-424- 231; Лице за контакт: Aлександар Јовановиќ тел: 075 291 971

Дополнителни информации: Програмитe за екскурзии и Понуда (образец) може да се добијат

на горенаведена  адреса или на mail: krstemsiirkov@yahoo.com

2.ПОНУДУВАЧ

Минимални услови кои треба да ги исполни понудувачот се:

  1. Да е регистриран согласно позитивните прописи во РМ за вршење на соодветна туристичка дејност;
  2. Да има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии и други слободни активности на учениците во последните 3 години;
  3. Да ги исполнува условите за превоз на групи деца согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца;
  4. На денот на потпишување на договорот избраниот понудувач доставува банкарска гаранција за квалитетно изведување на екскурзијата во висина од 5% од вкупна вредност на договорот.

Понудата која не ги исполнува минималните услови ќе биде одбиена од страна на Комисијата како неприфатлива.

  1. Агенцијата да обезбеди лиценциран туристички водич и лекар.
  2. ДОКУМЕНТИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ДОСТАВИ ПОНУДУВАЧОТ

-Документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на туристичка дејност, согласно позитивните прописи на РМ;

-Потврди дека понудувачот во последните 3 години има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии и други слободни активности на учениците;

– Документ  за превоз на група деца, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца;

-Описот на услугата ќе биде наведен во oбразец понуда, која треба понудувачот  да ја подигне од училиштето заедно со програмите за екскурзии.

-Документите не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот.

-Лиценца за туристички водач и лекар.

  1. 4. ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА

Предмет на набавката е делив и тоа  за:

  1. Изведување на тридневна екскурзија – настава во природа за ученици од V одд. (08.05.-10.05.2019 год.)
  2. Изведување на дводневна екскурзија низ Македонија за ученици од VI одд. (16.05.-17.05.2019 год).
  3. Изведување на тридневна екскурзија низ Македонија за ученици од IX oдд. (29.05.-31.05.2019 год.)
  4. Изведување на еднодневен излет до 30 километри за ученици од III до IX oдд. (30.04.2019 год.)

Вид на договор : Услуги со одложено плаќање и други поволности (попусти за второ и трето дете и гратиси за деца од социјално загрозени семејства).

  1. 5. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ

Најниска единечна  цена по ученик

  1. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

– Понудата треба да се достави  во рок од 5 работни дена од денот на објавување во двата весника во архива на Училиштето, или по пошта на адреса ООУ ”Крсте  Мисирков” ул. „Народна Револуција“ бр.43 1300-Куманово. (Понудата се приложува во оригинален примерок во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса. Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој е адресиран со точна адреса на договорниот орган, а  во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.

Доколку сите плика не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за дополнително вметнување на документи или предвремено отворање на понудата.

– Период на важноста на понудите: до 10.06.2019 година

Отварање на понудите ќе биде спроведено од страна на Комисијата за спроведување на постапката за екскурзија.

         Комисија за спроведување на постапката за екскурзии

при ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст