Соопштение за изградба на железничкиот коридор VIII


1321384625-1

Започна изградбата на железничкиот коридор  исток – запад, познат како коридор VIII, кој ги поврзува Албанија, Македонија и Бугарија.

Изработена е Физибилити студија за источната секција од овој железнички коридор и  моментално се изведуваат градбени активности на делницата Куманово – Бељаковце.

Согласно насоките од Европската банка за обнова и развој, ЈП МЖ Инфраструктура изработи План за вклучување на засегнати страни и истиот  го спроведува со предвидената динамика. Како обврзни активности во овој план се предвидени јавни информативни средби  со мештаните од сите Месни заедници вдолж железничката пруга Куманово – Бељаковце. На овие средби мештаните ќе бидат информирани за техничките карактеристики на железничката пруга во нивната област, а ќе биде образложен и жалбениот механизам кој што е даден како можност за граѓаните. За времето и местото на овие средби мештаните ќе бидат информирани преку Претседателите на Месните Заедници. Планот за вклучување на засегнати страни ќе биде достапен на веб страната на ЈП МЖ Инфраструктура www.mzi.mk , како и на веб страните на општина Куманово www.kumanovo.gov.mkи Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk.

ЈП МЖ Инфраструктура ја информира јавноста дека, заради непречено извршување на градбените активности во областа Перо Чичо, ќе се пристапи кон расчистување на дивата депонија и местото ќе се обезбеди со информативни табли и видео надзор.

ЈП МЖ Инфраструктура апелира до граѓаните да не оставаат отпад на железничката пруга и во железничкиот појас, и да не ја загрозуваат својата и безбедноста на другите.

                                      Менаџерски Тим на ЈП МЖ Инфраструктура