Соопштение


На ден 28,01,2015 година се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување на Општина Куманово, по повод зголемување на водостојот на реките на подрачјето на општината и најавените временски непогоди во деновите што следуваат. На состанокот беа утврдени критичните точки и тоа: р. Липковка, низводно кај с. Режановце и ЈП Македонски шуми ( расадник ) се до железнички мост, р. Кумановка кај лок. Водовод и кај Митев мост, р.Крива река во с. Довезенце и Јачинце, и беше нагласено дека ако има потреба ќе се интервенира и на р. Пчиња во с. Пчиња и с. Студена Бара, и од сето тоа произлегоа следните заклучоци:
1. Се задолжува Градоначалникот на Општина Куманово согласно законската регулатива да ги превземе следните активности:
– да извести надлежните органи за превземање на дејствија за заштита и одбрана од поплави на територијата на Општината;
– да ангажира градежни машини за расчистување и изградба на вештачки насипи на критичните точки по течението на реките на територијата на Општината;
– да поднесе барање до ДЗС за потребна дополнителна механизација за интервенција на критичните точки;
– да поднесе барање до Министерство за животна средина и просторно планирање за потреби од нафта и тоа 12 000 литри кои ќе бидат употребени за ставање во функција на машини со кои располагаат Јавните претпријатија од Општината;
2. Се задолжува Општината да изврши медиумско известување на граѓаните доколку имаат потреба од евакуација да се јават на бројот 195 и медиумски да се известат граѓаните за критичните точки;
3. Се задолжува Општината да ги извести претседателите на Месните Заедници од критичните подрачја да се организираат за самозаштита;
4. Се задолжува ЈП Водовод да ги провери и исчисти сливниците;
5. Се задолжува ДЗС – Куманово во соработка со РЦУК – Куманово и член од Општински кризен штаб Момчило Јовановски да ги утврдат приоритетните критични точки и да се отпочне веднаш со работа;
6. Граѓаните кои имаат претрпено штета од поплавата на 23 и 24 јануари 2015 година можат да доставуваат барања за проценка на штета до Општина Куманово до 02.02.2015 година до 15 часот.