Сопруги на повеќе амбасадори во посета на Општина Куманово


Сопруги на повеќе амбасадори во Република Македонија, предводени од Амбасадорот на Република Србија, Душанка Дивјак – Томиќ, денес беа во посета на Општина Куманово каде ги пречека Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски. Посетата на жените од дипломатскиот кор беше остварена во рамките на активностите на НВО ”Macedonia Welcome Center”, невладина организација која се занимава со културна промоција на Македонија пред меѓународната заедница. Градоначалникот ги информираше своите гости за специфичностите на општината, меѓуетничкиот соживот, културните понуди и можностите за економскиот развој . По, приемот во општината групата, ги посети црквите во Куманово и Старо Нагоричане, како и неколку стопански капацитети.