Состанок на општински штаб за заштита и спасување


Општински штаб за заштита и спасување,денеска одржа состанок на кој беа донесени следниве заклучоци:

  1. Се задолжува Општина Куманово да продолжи со чистење на речните корита и тоа р. Кумановка на потегот од Митев Мост узводно према маркет ТУШ и низводно на потегот од Митев Мост до с. Проевце, р. Липковка на потегот на потегот од расадник на Шумско стопанство низводно во должина од 200 метри,
  2. Се задолжува Општина Куманово да ја доврши започнатата работа на р. Пчиња во Меморијалниот центар АСНОМ во с. Пелинце,
  3. Се задолжува Општина Кумановопо утврдување по утврдување на настанатите штети од временските непогоди во делот на инфраструктура ( патишта, пристапни патишта, мостови, свлечишта и др. ) да изврши санирање во согласност на своите можности,
  4. Се задолжува Општина Куманово по добивање на информации од надлежни органи за превземени санациони мерки преку локалните медиуми да го информира локалното население во поплавените подрачја,
  5. Се задолжува Општина Куманово преку локалните медиуми да ги информира граќаните кои имаат претрпено штети од поплавите, дека можат да доставуваа барања до Општинската Комисија за проценка на штети во период од 09.02.2015 до 16.02.2015 година до 15 часот,
  6. Се задолжува ЈП Водовод Куманово да продолжи со активностите со сопствени сили и средства,
  7. Се задолжува ТППЕ Куманово да пристапи кон пружање на помош за исцрпување на вода од поплавените објекти,
  8. Се препорачува на ДЗС Куманово да продолжи со чистење на р. Којнарка на потегот од  вливот на р. Кумановка до мостот на улица Доне Божинов, а по можност да ангажира уште една машина бидејќи се најавени нови врнежи,
  9. Се препорачува претставниците на соодветните институции ( Црвен крст, Центар за јавно здравје, Центар за социјални работи ) да излезат на увид на лице место за утврдување на состојбата и да превземат мерки во согласност со нивните законски обврски и надлежности.