Состанок на Општински штаб за заштита и спасување


Општински штаб за заштита и спасување на Општина Куманово денеска одржа состанок на кои се разгледуваа информациии за  состојбата со речните корита на теритирија на Општина КУманово по последните врнежи на ден 06.02.2015 и превземање на понатамошни мерки во врска со поплавите.

По завршување на расправата Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следните заклучоци:

 

  1. Се задолжува Општина Куманово во согласност на своите можности да продолжи со санирање на состојбата, како на веќе утврдени точки како и на новонастанатите,
  2. Општина Куманово да достави барање до ДЗС Куамново да продолжи со интервенција на утврдените критични точки по можност со 4 ( четири ) машини по створање на услови за тоа,
  3. Во случај на потреба Општинскиот штаб за заштита и спасување Куманово во соработка со Општински Црвен крст Куманово да упати јавен повик до граѓаните за донирање на хуманитарна помош на соодветни пунктови, а истата би била дистрибуирана до загрозеното население со помош на Јавни и приватни претпријатија,
  4. Општина Куманово преку своите стручни служби да има континуирана комуникација со Месните заедници од загрозените подрачја, а во врска со понатамошни потреби на населението,
  5. Центарот за Јавно здравје да продолжи со проверка на водата и локалните водоводи во загрозените подрачја и да превземе понатамошни мерки во врска со своите надлежности,
  6. Се препорачува на Министерството за шумарство, и водостопанство ПО Куманово како и Агенцијата за храна и ветерина да дадат препораки на населението од загрозеното подрачје за превземање одредени заштитни мерки доколку за истите постои потреба.