Социјално претпријатие – инклузија преку работа


Во организација на Здружението ”Порака Наша”, во партнерство со НВО ”Мата” Скопје,  УНДП, Општина Куманово и бизнис партнерот ”Јуниор” Дооел, денес беше промовирана завршницата на шестмесечниот проект ”Социјално претпријатие – Инклузија преку работа”, имплементиран со финансиска поддршка на УНДП.

Преку овој проект им се дава  можност на младите луѓе (со или без попреченост)активно да учествуваат во развој на заедницата, преку користење на нивниот креативен потенцијал и градење на вештини и капацитети во неколку нови области на технологијата(занает и дизајн).

Настанот го отвори градоначалникот Зоран Дамјановски со поздравен говор за досега сработените активности.