Советници


Биографија

maksim
Максим Димитриевски

Максим Димитриевски  е роден 29.11.1975 година. Основно образование завршил во ОУ ,, Т.Зордумис”, а средно образование во гимназија ,,Гоце Делчев ” во Куманово.  Приватен стопанственик од 1998 година. Оженет, татко на три деца. Член е на Советот на Општина Куманово од редовите на СДСМ. Избран за Претседател на Совет на Општина Куманово во Октомври 2012 година.

snezana
Снежана Захариева

Снежана Захариева е родена на 08.07.1963 година во Куманово. Завршила Медицински факултет во Скопје 1988 година. Од 1989 година вработена е во Медицински Центар Куманово. Завршила специјализација по анестезиологија со реанимација и од 2005 година работи како специјалист-анестезиолог во ЈЗУ Општа болница .  Мажена, мајка на две деца. Член е на Советот на Општина Куманово од редовите на СДСМ.
manevski
Зоран Маневски
Зоран Маневски е роден 06.08.1957 година во Куманово. Има дипломирано на Економски факултет, но и на Виша Машинска школа. Има работено во Ј.П Водовод од 1983 до 2006 година. Од 2006 до 2008 година работи како државен секретар во Министерство за Економија, а од 2008 година па до денес е и советник во Државен пазарен инспекторат. Оженет, има две полнолетни деца, син и ќерка. Член е на Советот на Општина Куманово од редовите на НСДП.
Ивица Костовски 
Александар Петров 
Валентина Мициќ 
arsic

Александар Арсиќ

Александар Арсиќ е роден во Куманово 19.08.1973 година. Основно училиште завршува во ОУ Браќа Миладиновци, а средно училиште во гимназија Гоце Делцев, биотехничка струка. Дипломира на Земјоделски факултет, општ смер во 1997 година, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и се стекнува со титула Дипломиран Земјоделски инженер.Во 1997 година е вработен како Професор по земјоделска група на предмети, со положен стручен испит во ССОУ Киро Бурназ во Куманово. Покрај редовните обврски учествува во многубројни проекти и семинари во Пхаре-Вет програмата.

Активен е и како член на Здружение на Агроекономисти на Македонија и на Здфружение на Земјоделски производители.  Член е на Советот на Општина Куманово од 2009 година од редовите на СДСМ.

Младен Давидовиќ 
Драгица Велковска 
Бранко Бојковски 
Оливер Стојмановски 
Сунчица Јосифова