Средба на Градоначалникот Зоран Дамјановски со новиот кумановски владика

Средба на Градоначалникот Зоран Дамјановски со новиот кумановски владика


Во црквата Свети Никола, Градоначалникот Зоран Дамјановски  оствари средба со новиот митрополит Јосиф Лесочки.

“Како што знаете,  претходната недела со одлука на Светиот СИНОД на МПЦ бев назначен за Митрополит на Кумновско –  осоговската епархија. Претходно бев назначен за викарен Епископ на блажено упокоениот  Митрополит Кирил така што состојбите во овој дел на поранешната Кумановско – полошка епархија ми се добро познати и се надевам дека ќе имаме добра соработка со градоначалникот, кој што еве прв пат дојде денеска и официјално да ми честита. За Куманово е значајно што за прв пат во историјата доби своја Митрополија и тоа ќе придонесе многу за сите православни христијани и сите граѓани да имаат место да разговараат и на кого да му кажат за своите проблеми” изјави митрополитот.

Градоначалникот на новиот митрополит му посака успешна работа и најави подршка од локалната самоуправа.