Средновековен манастир „Карпино„

Средновековен манастир „Карпино„


Манастирот Карпино се наоѓа на триесет километри од Куманово, на патот кон Крива Паланка,скриен под пазувите на планината Козјак.Спаѓа во групата на најпознати манастири во Македонија што се под заштита на државата, а датира од 1592 година. Моментално манастирот е во многу лоша состојба, претворен е во руина, која меѓу другото за посетителите претставува и потенцијална опасност од уривање. Тоа е причината што за прв пат оваа година ликовната колонија „Карпино„не с еодржа тука. Во последната година локалната самоуправа се обиде да санира дел од објектот, но поради обемот на оштетеноста таа не беше во можност да се справи со проблемот.

-Колонијата која оваа година беше љибилејна, заврши успешно и ги оправда нашите очекувања. Учествуваа докажани ликовни уметници од Македонија, Србија и Бугарија, кои насликаа околу 40 квалитетни дела, главно на тематика од карпинскиот манастир, но и од други теми. Но, жално е што оваа година колонијата , наместо во преубавиот амбиент на манастирот се одржа во Куманово.Неопходно е државата, во рамките на своите можности, да оддели средства за санирање на манастирот – вели Валентина Алексовска секретар на Општина Куманово.

Организаторите најавуваат дека делата од оваа колонија љубителите на уметноста ќе можат да ги видат во ноември, за празникот на градот. Исто така се планира и изработка на каталог од изложбата, како и нејзината презентација во други градови во државата.