Свечена Седница на Сојуз на Борци по повод 11 Октомври


Сојуз на борци на НОВ одржа свечена седница, по повод празникот 11 Октомври и ден на борецот. Свечената седница ја отвори секретарот на Општина Куманово Валентина Алексовска, која меѓу другото истакна:

Почетокот на вооруженото востание против фашистичките окупатори на 11 октомври претставуваше решителен чекор кон конечното ослободување. Македонскиот народ се вклучува во антифашистичката борба со цел да извојува победа, но и затоа што низ таа борба ја согледува можноста да се избори за национално достоинство, слобода и остварување на долгосонуваната идеја за сопствена државност. Денеска,  не може а да не им одадеме признание на нашите претходници, некои од нив и овдека присутни, кои го почувствуваа духот на времето и се ставија во служба на својот народ, борејќи се за идеалите на слободата и правдата. Од свое лично име и од името на Градоначалникот, Ви го честитам празникот, истакна Алексовска.

На присутните им се обрати и секретарот на Сојуз на борци од Куманово, Благе Јакимовски кој говореше за формирање на Карадачкиот и Козјачкиот одред.