Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Информативна средба со група земјоделци од Општина Куманово и регионот

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска во Сала на Совет на Општина Куманово (зградата на просториите на поранешен Комитет) се одржа средба  со група земјоделци (производители), во рамките на проектот: „Одржлив пазар за свежи земјоделски производи во прекугранична област во Опшина Гњилане и Општина Куманово“.

Проектот се имплементира во рамките на програмата: Cross-Border Cooperation Programme Kosovo – former Yugoslav Republic of Macedonia.

Главната цел на проектот е: Зголемување на продажбата и профитот на свежи земјоделски производи во Општина Гњилане и Општина Куманово преку организирање на напредни зелени пазари.

Средбата беше со цел земјоделците од Општина Куманово и регионот да се запознаат со можностите кои ги нуди проектот и неговото влијание.

Во проектот се предвидени обуки за производители на: овошје, зеленчук и млечни производи, обуки за претприемништво и социјални претпријатија, како и обука за  грижа на корисници.

Покрај обуките вклучените земјоделци ќе можат да учествуваат на средби со претставници од мали и средни претпријатија, мобилни пазари и организирани прекугранични недели во Општина Гњилане. Во проектот ќе бидат опфатени 50 земјоделци од Куманово и регионот преку претходна селекција според критериуми поставени во проектот.

Ваквите средби во мали групи ќе се организираат и понатаму континуирано до крај на месец мај 2018.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст