Триесет и седмата седница на Советот на Општината Куманово


Утре  27 мај 2015 година (среда), ќе се одржи триесет и седма седница на Советот на Општина Куманово.

Дневен ред 

  • Усвојување на записникот од Триесет и шестата седница на Советот на Општина Куманово, Третата и Четвртата вонредна седница на Советот на Општина Куманово 
  1. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта„ – Куманово за период Октомври – Декември 2014 година;
  2. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта„ – Куманово за период Јануари – Декември 2014 година;
  3. Извештај за работа на ЈП „Пазаришта„ – Куманово за 2014 година;
  4. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта„ – Куманово за период Јануари – Март 2015 година;
  5. Предлог – Решение за давање согласност на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
  6. Предлог – Одлука за прифаќање на проектот „Обезбедување поддршка во подобрувањето на енергетска ефикасност во колективно домување“;
  7. Предлог – Одлука за исплата на парични средства од Буџетот на Општината Куманово за 2015 година од ставка тековни резерви за ангажирање на противпожарни работници;
  8. Предлог – Одлука за пристапување кон измена и дополнување на Статутот на Општината Куманово;
  9. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Тоде Мендол”, дел од Урбан блок 60, плански опфат меѓу ул. “Тоде Мендол”, ул. “Благој Паровиќ”,  ул. “Васа Пелагиќ” и ул. “Марко Орешковиќ” – Општина Куманово;
  10. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт  – Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Долно Којнаре”, дел од Урбан блок 3, плански опфат меѓу ул. “Никола Тесла”, ул.”101″, ул. “201” и ул. “301” – Општина Куманово;
  11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1081/1, м.в. К’шла, КО Куманово – Општина Куманово;
  12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1651/3, м.в. Мала Корија, КО Горно Коњаре – Општина Куманово;
  13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 789, м.в. Поток, КО Орашец – Општина Куманово;
  14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 574/2, м.в. Долна Река, КО Довезенце – Општина Куманово;
  15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 445/2, м.в. Новине, КО Биљановце-вон г.р. – Општина Куманово