Трка за Мир


Градоначалникот Зоран Дамјановски со делегација од Сојуз на спортови од општината и  велосипедистите го пречекаа “Факелот на мирот”, на трката која поминува низ 47 земји во Европа. Од Куманово  трката во должина од 24.000 километри  продолжува во Белград, каде што треба да пристигне на осми октомври. Инаку Европскиот тим трката ја започна на 21 февруари од Португалија.

Градоначалникот  ги поздрави учесниците и порача дека Куманово како колевка на мирот е член на организацијата за носење пораки за мир во ООН. Тука завршува последната етапа од трката за мир, и од овде, сакаме сите да испратиме порака за мир –  Да живее младоста и спортот, со желба за вечен мир на овие простори.