Учениците од ОУ„Толи Зордумис„ во посета на Општина Куманово

Учениците од ОУ„Толи Зордумис„ во посета на Општина Куманово


Денеска во посета на Општина Куманово, беа учениците од основното училиште „Толи Зордумис„.Учениците, заедно со своите наставнички ги разгледаа просториите кај што работи Градоначалникот, како и општинската администрација.Градоначалникот ги запозна со ингеренциите што тој ги има, како и со надлежностите на Советот на Општина Куманово. Целтта на ваквата посета е наставната програма по општество, што учениците од трето одделение ја имаат.