Учество на саемот “Bijeljina turist 2011”

Учество на саемот “Bijeljina turist 2011”


Општина Куманово учествуваше на вториот меѓународен саем на туризам и гастрокултура “Bijeljina turist 2011″ од 29 до 30 април , каде во текот на двата саемски дена се претставија околу осумдесет излагачи, меѓу кои од Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Македонија, Бугарија и други земји. Излагачите презентираа туристички дестинации, едукативни, културни и стопански можности и кулинарски специјалитети, а посетителите на саемот, пак, имаа можност да уживаат и во бројни музички настапи, во македонска вечер, во бугарска вечер, на гастро презентации и други случувања.