Успешна промоција на македонското и словенечкото стопанство во Куманово

Успешна промоција на македонското и словенечкото стопанство во Куманово


 

Словенечко-македонски бизнис клуб во соработка со Општина Куманово, на 14 јуни, вторник, 2011 година организираа Бизнис ден за промоција на словенечкото и македонското стопанство во Куманово. На презентацијата во ресторан Палас беа презентирани Клубот и Општината, а во вториот дел од настанот, на градскиот плоштад, компаниите ги промовираа своите производи и услуги.Целта на бизнис денот беше продлабочување на соработката помеѓу компаниите од двете држави и согледување на можностите за инвестирање.