Успешно претставување на општина Куманово на ЗЕЛС ЕКСПО 2011

Успешно претставување на општина Куманово на ЗЕЛС ЕКСПО 2011


Локалниот економски развој и инвестирањето во општините беше тема на шестиот саем на единиците на локалната самоуправа „ЗЕЛС ЕКСПО“, кои викендов се одржа на скопскиот саем. Саемот го отвори претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски. Општината Куманово на посетителите им го претстави проектот на затворен-отворен базен, како и фабриката за согорување на смет. Градоначалникот Зоран Дамјановски на дискусијата што се одржуваше во Бизнис салата на Саемот одговараше на поставени прашања од посетителите во врска со овие два проекта. На својот штанд, кој имаше голема посетеност, градот преку пропаганден матерјал го претстави својот туристичкиот потенцијал. Покрај оваа на саемот, Општината се претстави и со богата културно уметничка програма. Околу шеесет општини на своите штандови, го изложија пропагандниот материјал за своите проекти и локални знаменитости. На саем на единиците на заедницата на локалната самоуправа – Зелс Експо 2011, присуствуваа и Пол Волерс, амбасадорот на САД во