Утре последна седница на Совет на општина Куманово за оваа година


На дневниот ред на Триесет и првата седница на Советот на Општината Куманово ќе бидат следниве точки:

 

 

  1. Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2015 година;
  2. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2015 година;
  3. Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општината Куманово за 2015 година;
  4. Предлог – Програма на културни манифестации во Општина Куманово за 2015 година;
  5. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2015 година;
  6. Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2015 година;
  7. Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2015 година;
  8. Програма за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2015 година;
  9. Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2015 година;
  10. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за почеток и завршеток на работно време во ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово;
  11. Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2015 година;
  12. Предлог – Одлука за донесување  на измена и дополна на Детален урбанистички план за една парцела за КП 20437 г.п 35, дел од УЕ „Б.С.Гојчо“ дел од УБ 44 урбан модул Г, плански опфат на ул. „Живко Чало“ Општина Куманово;
  13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација  за КП 1498  м.в Поток  КО Орашац – Општина Куманово;
  14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација  за КП 1972/2  м.в Поток  КО Орашац – Општина Куманово;
  15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се намали профилот на сервисната ул. „Васа Пелагиќ“ од раскрснициата со ул. Улица „1“  до  раскрсницата со ул. „Правда Спасовска“ во ГУП за дел од УЕ „Тоде Мендол“ дел од УБ 60 – Општина Куманово;
  16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2763/1, 2763/4, м.в. Црвенли, КО Куманово и КП 2773/3, м.в. Елезов Камен, КО Куманово – Општина Куманово;
  17. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 3102, м.в. Вртени Дубoви, КО Табановце – Општина Куманово