Tрето прскање против комарци


Се известуваат сите граѓани дека на ден 13.08.2014 година (среда) во градско подрачје на Општина Куманово во раните утрински часови ќе се изврши Трето авионско прскање против комарци оваа година. Пчеларите да си превземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај да не се изврши авионско прскање поради лошите временски услови, истото се одложува за наредниот ден.